Јанушев: Заев да каже што се преговара за името и што следи

од desk2

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека трет ден владата и премиерот Заев молчат на повикот за итна лидерска средба на која ќе се разговара за деталите и тековите на најважното прашање на граѓаните на Република Македонија, прашањето за името.


„Единствените информации со кои располага македонската јавност се оние кои се од грчките медиуми. Дополнително на ова претходеше еден процес на ретерирање во изјавите на премиерот и владините претставници околу прашањето за организирање на референдум и непромена на Уставот, што само ги зголемува дилемите дека работите се движат во непосакуван правец за Република Македонија.
Оттука и дилемата што се јавува кај сите нас, што крие премиерот Заев и ако има некаков договор кои се деталите за истиот?“, рече Игор Јанушев.

 

Го повика  Заев да излезе јавно и да каже што се преговара и што е она што следи.

 

Слични содржини