Јапонија престана да користи околу 1,63 милиони дози на вакцината Модерна

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство на Јапонија објави дека „туѓи материи“ се пронајдени во некои дози од серија од приближно 560.000 шишиња“, пренесе Би -Би -Си.

Фармацевтската компанија „Такеда“, која ја продава и дистрибуира вакцината во Јапонија, рече дека „Модерна“ ставила три серии во мирување „поради голема претпазливост“.

Се вели дека проблемот најверојатно настанал во самото производство во Шпанија, но не бил објаснет подетално.

– До денес, не се идентификувани проблеми со безбедноста или ефикасноста – рече компанијата Модерна, додавајќи дека ќе работи со регулаторите и „Такеда“ за понатамошно истражување каде настана проблемот.

Не беа дадени дополнителни детали за тоа што значат под „туѓи материи“, но Такеда ги опиша како честички, по што рече дека била подложена на итен преглед.

Извештаите за контаминација, исто така, пристигнаа од седум други центри за вакцинација, објави „Јапонија тајмс“, каде што беше откриено дека 39 вијали – или 390 дози – се контаминирани.

Слични содржини