Јапонија во исчекување на тајфунот Хагибис

од desk3

Јапонија се подготвува за налетот на супертајфунот Хагибис, кој за време на викендот ќе ги погоди централните и источни региони на земјата, носејќи обилни дождови и силни ветрови.

Поради тајфунот, чиј интензитет е еквавилент на ураган од петта категорија, веќе се откажани два натпревара од Светското првенство во рагби, кои требаше да се одржат в сабота, а исто така е откажан и маратонот во градот Сендаи.

Можно е да биде откажана и трката во Формила 1 во Сузики.

Хагинис на филипински јазик значи брзина. Ветерот денеска се движеше со брзина од 270 километри на час во близина на островите Чики во Тихи Океан, околу илјада километри од Токио.

Слични содржини