Актуелно
Почетна / Бизнис / Јапонија започна подготовки за распоредување на комуникациски системи од шеста генерација

Јапонија започна подготовки за распоредување на комуникациски системи од шеста генерација

Јапонија сè уште не ги пушти во употреба мрежите од петта генерација (5G), но владата на земјата веќе ги започна подготовките за распоредување на комуникациски системи од шеста генерација (6G).

Се очекува 6G мобилните мрежи да започнат со работа во земјата на изгрејсонцето до 2030 година, но ова е индикативен датум бидејќи шестата генерација на комуникации сè уште е во многу рана фаза на развој.

Петтата генерација на мрежи ќе стартува во Јапонија оваа пролет, додека конкурентите САД и Јужна Кореја веќе пуштија 5G мрежи и услуги засновани врз нив.

Според телевизискиот канал NHK, со цел да ги надмине другите земји во мрежите од шеста генерација, владата на Јапонија одобрила стручен совет задолжен за подготовка на преминот кон 6G.

Советот ќе вклучува претставници на приватниот бизнис и технички експерти. Сè уште не се објавени поконкретни планови и рокови за имплементација на новите мрежи.

loading...