Јапонскиот премиер Фумио Кишида во говорот пред Генералното собрание на ОН рече дека е разочаран што Советот за безбедност на ОН не одговорил на „руската инвазија на Украина“ поради правото на вето на Москва и повика на реформи за да им се овозможи на ОН подобро да го бранат глобалниот мир и поредок.
Во вторникот Кишида оцени дека ОН некогаш имале клучна улога во одржувањето на светскиот мир, но дека „темелите на меѓународниот поредок моментално насилно се разнишуваат“, пренесува АП.
Кишида рече дека „руската инвазија на Украина“ ги гази филозофијата и принципите на Повелбата на Обединетите нации и идејата дека сите народи треба да го почитуваат владеењето на правото.