Јапонскиот „твитер убиец“ осуден на смрт

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Јапонија денеска осуди на смрт маж кој уби девет лица откако ги контактирал на социјалната мрежа Твитер.

30-годишниот Такахиро Шираиши, познат во јавноста како „твитер убиец“, беше уапсен во 2017 година откако во неговиот стан беа пронајдени делови од тело за време на потрага по 23-годишна девојка од Токио, за која подоцна се покажа дека е една од жртвите.

Шираиши призна дека ги убил и распарчил своите жртви – осум млади жени и еден маж што ги запознал преку социјалната мрежа.

Најмалата жртва имала 15, а најстарата 26 години.

Јапонските медиуми јавуваат дека жртвите на Твитер пишувале за самоубиствени мисли и дека убиецот ги намамил во неговиот стан на тој начин, ветувајќи им помош во самоубиството.

Поради случајот, властите ветија дека ќе ја подобрат поддршката за младите во неволја.

„Ниту една од овие жртви не се согласила да биде убиена“, рече судијата, изрекувајќи ја пресудата и отфрлајќи го барањето на одбраната Шираиши да биде поштеден од смртна казна и да биде осуден за убиство со согласност, бидејќи жртвите барале начин да го окончаат животот.

Слични содржини