Јапонско истражување открива: Кучињата можат да плачат од среќа

од Stefanija Kuzmanovska

Освен што мавтаат со опашот, неконтролирано скокаат и ни ги лижат лицата, кучињата изгледаат и како да плачат од среќа кога ќе се сретнат повторно со своите сопственици.

Возбудените кучиња не оставаат само влакна на вашата облека, туку веројатно фрлаат и солзи радосници, покажува новото истражување објавено во понеделникот во списанието Current Biology.

„Никогаш не сме слушнале за откритието дека животните леат солзи во радосни ситуации, како што е повторното обединување со нивните сопственици“, рече Такефуми Кикусуи, еден од авторите на студијата, која тој ја нарече веројатно „прва во светот“.

Научниците ја измериле количината на солзи во очите на кучињата со често користениот „Шример“ тест, кој се состои од поставување на посебна лента под очните капаци. За основното читање, научниците тестирале кучиња за време на нормални интеракции со нивните сопственици.

Кучињата „значително“ би го зголемиле производството на солзи во првите пет минути од повторното обединување со нивните сопственици, откако биле одвоени од нив пет до седум часа, откриле истражувачите. Тие, исто така, откриле дека обемот на солзи на кучињата бил поголем откако тие биле повторно соединети со нивните сопственици во споредба со другите луѓе што овие четириножни пријатели ги познаваат.

Плачењето веројатно е поврзано со ослободување на окситоцин, познат како „хормон на љубовта“. Кучињата развиле специфични комуникациски вештини со текот на времето и докажано е дека контактот со очи игра улога во формирањето на врската помеѓу кучето и неговиот сопственик. Во идните студии, научниците би сакале да тестираат дали кучињата произведуваат солзи на сличен начин кога ќе ги сретнат своите кучешки пријатели.

Слични содржини