ЈАС СУМ ОДВРАТЕН СКЕЛЕТ: Навални се појави пред судот за првпат по штрајкот со глад (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој штрајкуваше со глад во затвор три недели, повторно се појави пред судот и ги запрепасти сите со неговиод изглед со скоро 30 килограми помалку.

Рускиот опозициски лидер, 44-годишниот Алексеј Навални, врвен критичар на претседателот Владимир Путин, првпат се појави во јавноста по тринеделниот штрајк со глад во затвор, и на сопругата ѝ кажа дека изгледа како одвратен скелет и дека започнал да јаде, при што неговиот прв оброк бил пет лажици овесна каша.

Тој се приклучи на нова постапка против него преку видео врска за навреда на руски воен ветеран (94) од Втората светска војна. Имено, тој го прозва некогашниот војник затоа што учествувал во пропутинско видео, нарекувајќи го „предавник и корумпирано куче“.

Во судницата, Навални го навреди и Владимир Путин, нарекувајќи го „гол крал“ и го критикуваше „неговото 20-годишно автократско владеење“.

– Отидов во бањата за да се осигурам дека изгледам малку пристојно, но изгледам како одвратен скелет. Последен пат кога ме измерија, имав 72 килограми, како кога бев на крајот на основното училиште. Да ја немав оваа широка кошула, ќе изгледав уште полошо – рече Навални, обраќајќи ѝ се на сопругата Јулија Навални, која седеше во судницата на московскиот суд.

Неговиот адвокат подоцна откри дека Навални имал 94 килограми во јануари, кога бил затворен.

– Утре ќе јадам шест лажици каша, ветувам. Кога ќе достигнам 10, тоа ќе биде огромен успех – рече рускиот опозиционер.

 

Слични содржини