Јавна седница на ДИК од 18:15 часот

од Nikola Popovski

Државната изборна комисија најави дека во 18:15 часот ќе одржи јавна седница.

Се очекува ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултатити од вчерашните парламентарни избори.

Објавувањето на резултатите од изборите се пролонгираше бидејќи имаше пад на сајтот за известување во неколку наврати, за што од ДИК информираа дека станува збор за надворешен напад.

Седницата ќе се емитува во живо на Јутјуб каналот на ДИК

Слични содржини