Јавната администрација ќе се намали за 20 проценти, преку четири модели, најави Битиќи

од Берта Китинска

Јавната администрација ќе се намали за 20 проценти, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за емисијата Трилинг.

Тој напомена дека ќе се кратат работните места спроведувајќи неколку методи.

-Еден од моделите е намалување преку пензиските реформи, така што дел од нив кои ќе заминат во пензија, вториот модел е избор помеѓу приватниот и јавниот сектор, голем дел од нив седат на две столчиња така што во овој случај ќе треба да изберат каде би заминале, третиот е понуда до младите кадри да започнат свој бизнис и четвртиот модел е дел од овие луѓе да бидат вработени во приватниот сектор, со овој модел ние нема на никого ништо да му наложуваме, изјави Битиќи.

Слични содржини