Јавниот долг намален под 60% во време на пандемија и економска криза

од Vladimir Zorba

Карактеристика на оваа Влада е домаќинско, отчетно, одговорно и транспарентно работење, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет како на централно така и на локално ниво. И во услови на пандемија, немаше застој во исплата на плати, пензии, приватниот сектор и најпогодените гранки беа финансиски поддржани, а паралелно ги креиравме и овие крупни долгорочни Планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации.

Економски раст над 5 % годишно, инвестиции во јавниот и приватниот сектор од 12 милијарди евра, нови 156.000 работни места, а истовремено фискална консолидација, односно одржување стабилен јавен долг, се дел од очекуваните ефекти на Планот за забрзан економски раст за периодот 2022-2026 година што го усвои Владата.

БДП во првата половина од годината е 5,6 %, а во вториот квартал беше 13,1 % што е потврда дека економијата се враќа на патеките на раст.

Планот за забрзан економски раст го подготви Министерството за финансии во соработка со владините ресори, со амбициозна, но остварлива цел да се поддржи економското закрепнување и забрзаниот раст.

Планот се темели на нов пристап и нуди координирана поддршка за поттикнување на инвестициите на јавниот и приватниот сектор во повеќе приоритетни области, преку детално наведување на расположливите извори на финансирање и инструментите и механизмите за финансирање, со проценка на очекуваните ефекти.

-Клучна цел е креирање нови работни места и поттикнување на растот на економијата во нашата земја, со нови инвестиции, со 5 % раст на Бруто домашниот производ и со одржување на стабилен јавен долг“, рече премиерот Заев.

Осврнувајќи се на трите основни цели на Планот, премиерот Заев истакна дека истиот нуди иновативен пристап до капитал за финансирање за забрзување на економскиот раст и кој покрај планираните јавни инвестиции од 4 милијарди евра ќе мобилизира дополнителни инвестиции од страна на приватниот сектор, кои се проценуваат на 8 милијарди евра.

За таа цел во функција е КАПЕФ механизмот, со кој се наградуваат буџетските корисници кои имаат висок степен на извршување на капиталните расходи и дека проценките се дека тој може да генерира дополнителни 1,5 милијарди евра капитални расходи во периодот 2022-2026 година“.

Неодамна и Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година, од 3,6 на 4,6 %, што ги надминува дури и нашите проценки за раст од 4,1 %. Активноста на приватниот сектор ќе се зголеми, преку воведувањето нови начини за пристап до капитал, инструменти, фондови и извори на финансирање со кои се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции токму од приватниот сектор. Со тоа, се делува на зголемување на вкупните инвестиции, на забрзан растот на бруто-домашниот производ и ќе се забрза отворањето нови работни места.

Невработеноста сега е на ниво од 15,9 % што е најниско ниво во поновата македонска историја. Согласно Планот, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %“, рече премиерот Заев и додаде дека важно е да се напомене дека поволните макроекономски случувања ќе ги подобрат јавните финансии, што ќе доведе до фискална одржливост, со намалување на јавниот и јавно гарантираниот долг под 60% од БДП во 2026 година.

Планот е донесен во интензивна комуникација со меѓународните финансиски институции и други развојни партнери, кои изразија подготвеност да обезбедат финансиска и техничка поддршка. Преку воспоставената СЕФФ платформа (Skopje Economic and Finance Forum, SEFF), после одржаната Прва годишна Конференција на Министерството за финансии, Планот веќе беше претставен и пред бизнис заедницата, банкарскиот сектор и другите засегнати страни.

Слични содржини