Јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа без временски ограничувања

од Берта Китинска

ЈСП информира дека од утре, среда (12.05.2021 година), јавниот превоз ќе сообраќа без временски ограничувања, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено.

Посочениот режим е согласно денешната одлука на Влада на РСМ, од 12 мај забраната за движење на населението да почнува од полноќ до 4 часот наутро, наредниот ден.

Возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје, а информации можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224.

Слични содржини