Јавноста исклучена на рочиштето за „Рекет“, се споменувале лица на кои можело да им биде загрозен угледот

од Aleksandar Todeski

Јавноста да не биде присутна на рочиштето за „Рекет“, на кое треба да се лушнат аудиоснимките од преостанатите три фолдери кои ги достави на УСБ осудениот Зоран Милевски-Кичеец, побара обвинителката Вилма Рускоска.

Обвинителката смета дека за објавување на снимките, како дел од неизведените докази, јавноста да биде исклучена бидејќи во снимките ќе бидат споменати некои имиња на кои може да им се угрози угледот.

Обвинетата поранешна Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева пак, побара снимките да бидат пуштени пред јавноста, велејќи „Судија ве молам, никогаш до сега не сум ве молела“.

Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 пак, рече дека снимките треба да ги слушне јавноста поради бројните шпекулации.

„Во интерес на јавноста, треба да бидат пуштени снимките, бидејки слушнавме толку шпекулации. И нам ни биле нарушени честа и угледот“, рече Боки 13.

И одбраната бараше јавноста да не биде исклучена, бидејќи според нив во снимките нема ништо спорно што би можело да им биде загрозен угледот на некои лица.

По произнесувањето на обвинителката Рускоска, обвинетите и нивната одбрана, судкиот совет се повлече за да донесе одлука дали јавноста ќе биде исклучена при резентирањето на доказниот материјал. Советот при советувањето донесе одлука јавноста да биде исклучена бидејќи по наводи од обвинителството во снимките може да им се наруши угледот на лицата кои не се инволвирани во ова обвинение.

И.Р.

Слични содржини