Јавноста ќе има увид која институција колку струја потрошила: „Санкции за раководителите кои нема да штедат“

од Vladimir Zorba

На 15 секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани.

Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштеда до 15 отсто.

Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија.

-Јавноста ќе има увид која институција колку струја потрошила. Секој месец ќе се објавуваат извештаите за потрошувачката на државните институции, и за сегашната и за претходната година, за да се согледа споредбата. Раководителите ќе бидат одговорни за мерките, но и јавноста ќе има пристап, односно увид во потрошувачката. Така ќе видиме како постапиле раководителите. Ако не водат сметка и не ги реализираат препораките за заштеда до 15 отсто, ќе сносат последици, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Слични содржини