Јелена Ѓоковиќ откри како изгледа бракот со Новак: „Сакам мојот збор да биде последен“

од Stefanija Kuzmanovska

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, гостуваше во утринската програма на РТС каде зборуваше за родителството, воспитувањето на децата, но и за односот со сопругот.

– Јас и Новак сме доста слични, но и доста различни кога станува збор за воспитувањето на децата, но многу работи решаваме со разговор. Верувам дека ни е многу полесно бидејќи тргнуваме од исти вредности и благодарен сум за тоа. Почнавме да се забавуваме како деца и растевме заедно, па во исто време некако се обликувавме, што сега ни го олесни родителството – започна Јелена, која откри дека таа и Новак не се согласуваат секогаш кога е воспитувањето на нивните деца во прашање.

– Имаме разлики во однос на многу работи и се судираме. До некаде јас поминував повеќе време со децата, додека тој си ја работеше работата, па сакав да имам поголема контрола и мојот збор да биде последен. Тука Новак ми помага да се поправам, се повеќе и повеќе.

Како што вели, се труди да не го прави она што не би сакала да го прават нејзините деца утре, бидејќи ги имитираат нивните родители.

– Знам само дека морам многу да се доведам себе во ред пред да направам, кажам нешто или да ги советувам моите деца. На децата им кажувам што да не прават и всушност не смеам да го правам тоа, бидејќи нашите постапки зборуваат погласно од зборовите – заврши Ѓоковиќ.

Слични содржини