Јелена Ѓоковиќ постави контроверзна снимка за теоријата за коронавирус (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Сопругата на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ – Јелена, на својот Инстаграм профил објави контроверзно видео за појавата и пандемијата на коронавирусот.

Видеото трае малку повеќе од десет минути, а Јелена ги замоли нејзините следбеници да пишуваат во коментарите што мислат за сето ова.

– Толку многу видеа кружат со денови, различни теории за причините за коронавирусот, методите на лекување, превенција … Еве едно што го добив пред некој ден. Секој што има време треба да го погледне. Се прашувам што мислите, напиша таа до клипот што го постави.

Слични содржини