Јелена Карлеуша пред новогодишната елка со слична поза како светски познат модел

од Stefanija Kuzmanovska

Светски познатиот модел Кендал Џенер сподели неколку фотографии на Инстаграм, на кои позираше со клекната пред новогодишната елка.

Само еден ден подоцна, српската пејачка Јелена Карлеуша сподели фотографија креирана на сличен начин – таа беше клекната пред раскошно украсената новогодишна елка и празнична декорација во која доминираше белата боја.

Јелена избра полупровидно црно боди, кое го комбинираше со едноставни црни сандали со златен ремен и многу впечатлив и масивен накит.

Слични содржини