Јелена Карлеуша завршила во болница

од Nikola Popovski

Поп-starвездата Јелена Карлеуша објави фотографија од Ургентниот центар во Белград и откри дека завршила на инфузија откако ја каснала оса.

По убодот, пејачката започнала да отекува и да се гуши, поради што ѝ била укажана лекарска помош.

Јелена беше итно примена на Ургентен центар каде ја доби целата неопходна грижа, а на нејзиниот Инстаграм профил јавно им се заблагодари на вработените кои ѝ помогнале.

„Им благодарам на прекрасните луѓе од Ургентниот центар… Понекогаш убодите од оса се претвораат во задушување и отоци … Но, исто така, во запознавање со прекрасни луѓе кои спасуваат животи“, објаснила Јелена во својот пост.

Слични содржини