Јодот е важен за здравјето на тироидната жлезда: Најмногу го има во овие намирници

од Stefanija Kuzmanovska

Витамините и минералите се суштинска врска за добро здравје. Еден од клучните минерали за нормален развој и метаболизам е јодот. Иако неговата важност често се занемарува, правилното функционирање на нашето тело не е можно без јод.

Одредена количина на јод во организмот е неопходна за правилно функционирање на тироидната жлезда, која го контролира метаболизмот и другите важни функции во телото, пишува Verywellhealth.

Ниското ниво на јод не е единствената причина за лошата функција на тироидната жлезда. Но, недостатокот на јод може да предизвика абнормално зголемување на тироидната жлезда и други проблеми.

Важноста на јодот

Јодот е микронутриент кој е неопходен за нормално функционирање на тироидната жлезда. Без јод, не постои синтеза на тироидните хормони тироксин и тријодотиронин, кои се неопходни за нормален тек на метаболичките процеси во телото.

Во природата, јодот се наоѓа во поголеми количини во морската вода, а во телото најголеми количини се таложат во тироидната жлезда. Од вкупното количество на јод во организмот, 70-80 проценти се наоѓа во тироидната жлезда. Јодот се внесува во телото преку храната и преку кожата.

Морската вода, воздухот и копното покрај брегот се богати со јод, а со тоа и зеленчукот што расте таму. Оддалечувањето од морето ја намалува количината на јод во почвата.

Извори на јод

Тироидната жлезда го извлекува јодот од крвта и го користи корисно. Јодот најмногу го има во морската риба, морските плодови, морковите, спанаќот, доматите, ротквиците, грашокот, компирот, печурките, јагодите, бананите, зелката, кромидот и зелената салата.

Колку јод е потребно да се внесува

Според Комитетот за храна и исхрана на националните академии, препорачаниот додаток на јод во исхраната се движи од 90 милиграми дневно за мали деца до 150 милиграми за тинејџери и возрасни.

Слични содржини