ЈОКИЌ ИСКЛУЧЕН: Замавна со раката, на теренот изби хаос – Денвер елиминиран без победа (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Никола Јокиќ со исклучување ја заврши сезоната во која беше прогласен за најдобар кошаркар во НБА лигата. Денвер беше поразен во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западот против Феникс со резултат 125: 118 и елиминиран без утешен триумф.

Јокиќ го заврши натпреварот на 3 минути и 52 секунди пред крајот на третата четвртина кога направи остар фаул над Камерон Пејн. Центарот на Нагетс силно замавна со раката кон играчот на Санс, но тој ја погоди топката повеќе од ривалот, кој се сруши на подот. На теренот се појави хаос, Србинот потоа се „закачи“ со Девин Букер …

Судиите беа немилосрдни и Јокиќ мораше да оди во соблекувалната со резултат 83:75 за гостите.

– Сакав да го сменам ритамот на играта, да ни даде малку енергија. Се обидов да направам тежок фаул. Дали го удрив? Не знам. Многу ми е жал ако го удрив, затоа што не сакав да го повредам или намерно да го удрам во главата – истакна Јокиќ.

Слични содржини