Јокиќ: Пораз поради недоразбирање, знаев што ќе се случи (видео)

од Nikola Popovski

Во драматична завршница на мечот, Денвер го претрпе вториот пораз од Лејкерси (105: 103) во финалето од плејофот на Западната конференција. После неизвесниот дуел во Орландо, Никола Јокиќ ја откри атмосферата во соблекувалната на Нагетс.

„Ни се случуваше и порано да ја испуштиме победата во последните моменти од натпреварот. Слична ситуација имавме и против Клиперс. Мислам дека имавме добра игра, се боревме … Поразени сме, но игравме добро. Бевме надолу и повторно се вративме во игра. Ќе кренеме глава и ќе одиме на третиот дуел. Ние сме аутсајдери, мора да се бориме, тоа е нашата единствена шанса. Можевме да се предадеме, но не го правиме“, рече Јокиќ.

Српскиот центар откри што е потребно за неговиот тим да ја прекине серијата на клубот од Лос Анџелес.

„Лејкерси имаат двајца многу, многу добри кошаркари – Леброн, веројатно најдобриот играч во лигата и Ентони Дејвис, кој е еден од најдобрите поентери. За да победиме, тие двајца не смеат да се чувствуваат комфортно“.

Токму Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа во центарот на вниманието за време на последниот напад на Лејкерс. При резултат 103: 102 за Денвер, Палмли и Грант го удвоија Џејмс, што го искористи Дејвис и погоди тројка во последната секунда.

„За време на последниот напад имаше недоразбирање, грешка во комуникацијата. Дејвис се најде во позиција да шутира и тоа го стори многу добро, кога го испрати шутот знаев дека ќе погоди. Одличните играчи постигнуваат одлични поени и тој го стори тоа“.

Јокиќ тогаш се осврна на директните дуели со четворица високи играчи на „Езерџиите“, предводени од Двајт Хауард.

„Тој е одличен играч, добро работи, но ова не е дуел помеѓу мене и него, туку Нагетс и Лејкерс. Искрено, не размислувам за ривалот, се обидувам да победам и тоа е сè“, истакнал Србинот.

Слични содржини