Јокиќ: Сеедно е дали ме почитуваат, не сакам медиумско внимание

од Nikola Popovski

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ истакна дека не му треба медиумско внимание, и дека не го интересира дебатата дали е „најнепочитуваниот МВП“.

Тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун неодамна изјави дека српскиот центар заслужува подобар третман и дека е „најмалку почитуваниот МВП во историјата на лигата“.

По победата над Портланд, новинарите се интересираа што мисли Јокиќ за сето тоа.

-Ми се допаѓа. Ако не ме почитуваат, ми се допаѓа. Ако ме почитуваат, и тоа ми се допаѓа. Не ми треба медиумско внимание, ниту воопшто внимание. Сакам само да играм“, истакна Јокиќ.

Нагетс ги совладаа Блејзерс со 140:108. Јокиќ мечот го заврши со 20 поени (8-10 од игра, 1-2 за три), со 8 скока и 7 асистенции.

-Секогаш е добро да се победи. Секоја победа е важна. Посебно сега поради Ковид-19, повредите, се останато…, додаде Јокиќ.

Денвер е на шестото место на Западот со скор 21-19.

Фото: Isaiah J. Downing-USA TODAY Sports

Слични содржини