Јокиќ со монструозен трипл-дабл се запиша во историјата и го одведе Денвер во финале против Лејкерси (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Денвер Нагетс и Никола Јокиќ се во финалето на Западната конференција во НБА лигата! Денвер во решавачкиот седми натпревар го совлада фаворизираниот Клиперс со 104:89, а Србинот имаше нова неверојатна партија и нов трипл-дабл. Натпреварот го заврши со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции, додаде 3 блокада и 2 украдени топки, и тој стана првиот играч во историјата на НБА-лигата што забележал трипл-дабл по три четвртини од 7-от плејоф натпревар.

Најефикасен во редовите на Денвер беше Џамал Мареј, кој мечот го заврши со 40 поени, а посебен придонес даде во 2-та четвртина кога го одржуваше тимот во живот и постигна 20 поени во тој дел.

Нагетси со оваа победа влегоа во историјата на НБА лигата како прв тим што успеа да ја мине плејоф-серијата двапати по ред, откако губеше со 3-1. Така беше во четвртфиналето против Јута, и сега против Лос Анџелес Клиперс.

 

Финалето веќе започна во Источната конференција од НБА плејофот. Таму, Мајами поведе со 1-0 против Бостон по синоќешната победа со 117:114 извојувана по продолжение.

Слични содржини