Јокиќ за изборот на Леброн: Ќе биде огромно задоволство да бидам на теренот со тие момци

од Stefanija Kuzmanovska

Избрани се тимовите за претстојниот Ол Стар, а Никола Јокиќ се најде во тимот кај Леброн Џејмс.

По триумфот на Денвер Нагетс над Индијана, Јокиќ можеше да го насочи фокусот на претстојниот Ол-стар натпревар што ќе се игра во Атланта. И таму, српскиот центар ќе игра заедно со европските мајстори Лука Дончиќ и Јанис Адетокунба.

Сето тоа му се допадна на Јокиќ.

„Тоа ќе биде многу добар тим, нема да лажам. Ќе биде забавно“, рече Јокиќ додека го читаше списокот на тимот на Леброн и Дурент.

Ова ќе биде трет последователен настап на Јокиќ на Ол-стар викендот.

„Навистина уживам во моментот. Ќе биде огромно задоволство да бидам на теренот со тие момци. Фактот што го споделувате теренот со најдобрите играчи во лигата значи многу“, рече Јокиќ.

Слични содржини