Јокиќ за првпат зборуваше за коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Никола Јокиќ не зборуваше за српските медиуми за време на престојот во Србија, но во Америка тоа е обврска што тој мора да ја исполни, пишува „Нова.рс“.

Најдобриот центар во НБА-лигата пристигна во Орландо во саботата, каде се приклучи на тимот на Денвер Нагетс, но мораше да помине три дена во карантин.

Тој мораше да го стори тоа, со оглед дека во Србија беше заразен со коронавирус.

„Бев изненаден од резултатот. Се чувствував добро, ја следив дневната рутина, тренирав, а потоа ми рекоа дека сум позитивен“, наведе Јокиќ.

Тема последниве месеци беше телото на Јокиќ, односно недостигот на килограми во однос на „стандардното издание“.

„Не ослабев многу, навистина. Имам слична килажа цела година, можеби после 11 март изгубив килограм, два…“

Тој беше потсетен од американските медиуми дека минатата година кажа дека му одговара кога има поголема тежина.

Неговиот тим има намера да се приклучи на трката со екипите од Лос Анџелес за првото место на Западната конференција.

„Што ќе се случи? Можеби нема да бидам добар, можеби ќе ги изненадам луѓето. Ќе видиме“, заклучи Јокиќ.

 

Слични содржини