Јокиќ забележа трипл-дабл учинок во победата на Денвер над Лејкерс (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок во победата на Денвер над Лос Анџелес Лејкерс со резултат 122: 105.

Најдобриот центар на НБА лигата забележа 23 поени, 16 скока и десет асистенции и имаше клучно влијание во прекинот на серијата од седум последователни победи на шампионите.

Јокиќ имаше голема поддршка од Џамал Мареј, кој постигна 25 поени, додека Факундо Кампако постигна 15 поени.

На другата страна, Леброн Џејмс беше лидер со 22 поени, 10 скока и девет асистенции, а Кајл Кузма забележа 19 поени и осум скока.

Слични содржини