Јордановска: Администраторот ми кажа дека „Јавна соба“ првично била креирана за смешни видеа

од Viktor Jovanov

Додека работевме на групата на која се шират порнографии, јас бев дел од групата за да видам што се случува, но кога споделувавме принт скринови од фотографиите преку Фејсбук, беа укинати моите профили на Инстаграм и Фејсбук, рече новинарката Мери Јордановска, која прва го откри случајот со групата на Телеграм насловена „Јавна соба“.

-Очигледно дека Фејсбук, за разлика од Телеграм има построги прафила за ширење на порнографски фотографии. Влегов во групата откако ми кажаа дека фотографии на моја пријателка се споделувале таму. Бев под друго име и го видов ужасот таму. Разговарав со администраторот и прифати да се видиме за да разговараме. Првично групата била за смешни видеа, но со оглед на тоа што биле повеќе администратори и внесувале луѓе, па така почнале со ширење на порнографски фотографии. Ми покажа дека не може да ја избрише групата „Јавна соба“, рече Јордановска.

Новинарката потценцира дека жртвите барале од администраторот да биде избришена групата, но тој им рекол дека нема потреба да се избрише и дека секој може да споделува што сака. Фотографиите биле испраќани на бивши партнери, кои сега ги препраќаат во „Јавна соба“.

Слични содржини