Јордановски: Алтернатива ќе добие 19 раководни позиции, а не 47

од Nikola Popovski

Не се 47, туку 19 раководни позиции што ги доби Алтернатива. Останатите се места во управни и надзорни одбори, вели новинарот Жарко Јордановски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, имаме нова ситуација кога опозицијата влегува во Владата и одеднаш ја менува определбата.

-Се добива малку постабилно мнозинство. Начелно се се луѓе кои ќе претставуваат функции и кои имаат некаква подготовка. Ќе бидат тешки предизвиците за ресорите што ќе ги добие Алтернатива, но верувам дека ќе се обидат да се докажат, смета Јордановски.

Слични содржини