Јошевска Анастасовска: Апсурдно е лице барано со меѓународна потерница, слободно да се шета и да се пријави во ЈО

Во своето гостување во „Топ тема“, адвокатската Сузана Јошевска Анастасовска посочи дека биле прекршени многу законски определби со вчерашното појавување на бегалецот, Сашо Мијалков

„Доколку премиерот ги коориднира институциите,тогаш тоа е упад во нечии други ингеренции. Владеењето на правото, вчера ни беше показна вежба за тоа како може да се прекршат сите сегменти од истото. Станува збор за еднаквост на законот, одговорност пред законот, поделба на власта, транспарентност…Реакцијата на Заев односно изјавата дека го приморал Мијалков да се пријави, дава до знаење дека не е системски, туку подземен притисок во однос на ова бегство. Апсурдно е што лице за кое има меѓународна потерница, слободно си се прошета и сам пристигна до Јавното обвинителство“, истакна Јошевска Анастасовска.

Слични содржини