Јосифовска: Мислењето за времен пасош на Камчев ми го доставија пред крај на работното време

од Aleksandar Todeski

Обвинителката Елизабета Јосифовска, која денеска сведочи во случајот „Рекет“ на прашања на нејзината колешка Вилма Русковска образложи дека во периодот од 2015 година до 2018 година била обвинителка во Специјалното јавно обвинителство и била заменик на јавниот обинител Катица Јанева, но без надлежност да потпишува наредби за истрага.

Фото: Борче Поповски

Вели дека случајот „Империја“ го водела нејзината колешка Лиле Стефанова и оти за него не знае многу, а истакна и дека на 2 мај минатата година го потпишала мислењето да му се издаде времен пасош на осомничениот Јордан Камчев.

„На 2. мај 2019 година го потпишав мислењето со кое се уважуваше предлогот на одбраната и тоа гласеше да се даде согласност на издавање времена патна исправа за осомничениот Јордан Камчев. Ми остана во сеќавање актот кој јас го потпишав, не дојде по вообичаен начин, туку на крај на работното време беше донесено во моја канцеларија од страна на стручен соработник кој работеше во тимот на Лиле Стефанова. Мислењето беше изготвено, и не дојде од кабинетот на шефот, и прашав што е тоа. Ми кажаа дека треба да се даде позитивно мислење. Знаев дека Стефанова и Јанева беа отсутни, ја прашав стручната соработничка дали обвинителката Стефанова е запознаена, ми одговори негативно“, рече Јосифовска.

Таа истакна дека го побарала целиот предмет, а ги контактирала и Сања Димовска шеф на кабинетот на специјалниот обвинител, и Лиле Стефанова, по што Димовска и кажа дека се работи за налог од страна на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Во уписите на предметот видов дека е стигнато денеска. Ми рече тоа е насока на специјалниот јавен обвинител, и дека постоеле причини за итност. Стефанова ми рече дека не е запознаена со таквото мислење, не се согласуваше со тоа, бидејќи постоела реална опасност осомничениот Камчев да побегне, затоа што имаше двојно државсјнаство. Реков дека мора да го потпишам тоа и немав право да ја менувам суштината. Повторно комуницирав со Димовска, повторно ми одговори дека тоа е мислење по налог на специјалниот јавен обвинител, јас го потпишав“, истакна Јосиифоска.

Слични содржини