Јотова: ЕУ има се поголемо разбирање за барањата на Софија кон Скопје

од Nikola Popovski

Бугарија продолжува да биде под силен европски притисок да се откаже од своето вето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, објави тамошната потпретседателка Илијана Јотова за „БНР“.

Во исто време, според неа, ЕУ има се поголемо разбирање за барањата на Софија кон Скопје, претежно поврзани со правата на луѓето со бугарски идентитет.

Таа посочува неколку опции за барањата на Бугарија да станат дел од преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија:

„Дали овие услови што ги поставивме ќе бидат во првото поглавје, или ќе бидат запишани и ќе траат како црвена нишка во целиот процес на преговори, или конечно ќе бидат изнесени во посебното 36 -то поглавје, исто така е прашање со условите и фактот дека бугарската позиција ќе биде земена во предвид “, вели Јотова за БНР.

Слични содржини