Јотова: Нашите проблеми со С.Македонија се резултат од немањето национална политика

од Берта Китинска

Проблемите на Бугарија со Северна Македонија денес се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство, објави на Фејсбук бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

– Нашите проблеми со Република Северна Македонија денес се резултат и на немањето национална политика за нашите сонародници во странство. Односите ни се сведоа на издавање бугарските пасоши таму, без зголемување на влијанието на Бугарија, дури и по потпишувањето на Договорот за добрососедство.Немаме лоби во научните славистички кругови. Не ги обновивме и не отворивме нови лекторати на бугарски јазик, за разлика од постојните македонски, напиша Јотова.

Слични содржини