Јованоски главен канал за финансирање на Фејсбук кампањата на Левица

од Берта Китинска

Иван Јованоски, лицето кое беше предводник на групата која го направи инцидентот при одбележувањето на празникот 11 Октомври во Прилеп, според јавните податоци на Фејсбук е главниот канал за финасирање на кампањата на Левица за локланите избори на социјалните медиуми.

Според податоците тој е потпишан дека лично го плаќал спонзорирањето на околу 120 реклами кои биле објавени на платформата како и на  20-тина различни Фејсбук страни. Јованоски ја финансирал кампањата на Левица во родниот Прилеп, во Охрид, Струга, Велес, Гевгелија, Куманово, Делчево, Кисела Вода и други општини.

Активистот на „Левица“ лично ја покривал кампањата на социјалните медиуми и на кандидатот Александар Димитријевиќ, кој е кандидат за градоначалник на Левица за Ѓорче Петров, како и на Дарко Ристовски за Карпош, Андреа Јанков за Центар, Јулијана Штрковска Колариќ за Кисела Вода.

Оттука се поставуваат неколку прашања:

Kолку пари има потрошено Иван Јованоски за финансирање на кампањата на Левица во сите овие општини и дали се ова негови лични парични средства или го користат само како лице коешто кешот го добива на рака и го уплаќа на својата банкарска сметка и од таму со банкарска картичка ги плаќа рекламите, имајќи во предвид дека ова е единствениот начин за плаќање на реклама на Фејсбук?

Доколку сепак троши свои пари, прашањето е од каде му се толку пари и каков интерес има да ја финансира кампањата на Левица?

И секако, дали овие пари ќе бидат пријавени како донација во извештајот која Левица ќе треба да го достави до ДИК по истекот на кампањата?

Ако се продолжи истражувањето на платформата „Ad Library“ на Фејсбук, Јованоски е исто финансиер и на кампањите кои одат преку страните „ 99% Macedonia “ и „ Не отварам врата“ преку која само од 4 август до 11 октомври има потрошено 529 евра.

Иако Левица, која се претставува дека е партија на сиромашните и децата на транзицијата, е најголем „трошач“ на пари на социјалните медиуми.

Партијата  според податоците на својата главна страна на Фејсбук со име “Левица“, од 4 август до 11 октомври има потрошено 8.384 евра, 6639 евра од 5-11.2021 .Додека пак партиите СДСМ и ВМРО имаат неколку пати помалку потрошено пари од нивните официјални страници на Фејсбук и Инстаграм.

Слични содржини