Почетна / Македонија / Јовановиќ: Да го поддржиме Заев во идејата ДУИ да влезе во владата во интерес на граѓаните и во интерес на Европската иднина

Јовановиќ: Да го поддржиме Заев во идејата ДУИ да влезе во владата во интерес на граѓаните и во интерес на Европската иднина

Зоран Заев е многу пристоен, сочувствителен и емпатичен во изјавата за новинарите. Страшно е свесен, а притоа и сфаќам дека во некоја смисла е “заробен” од одвратниот материјален прагматизам и притисок на ДУИ, како и од останатите партии кои сакаат да влезат во новата влада.

Друго, свесен е Зоран дека државата и граѓаните се во целиот постизборен влог: образование, економија, отворени работни места, коронакриза, европска перспектива, правда, отворени поглавја за влез во Европската унија… Свесен е Зоран дека на крајот на краиштата нашите животи се во прашање.

Да го поддржиме Заев во идејата ДУИ да влезе во владата во интерес на граѓаните и во интерес на Европската иднина. Да го поддржиме, да не си играме играчки со сите нас. Сега, веднаш и тука!

Фејсбук статус на политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ.

loading...