Јовановиќ: Да сум некој баја во државата, Керим и Божиновска не можат и не смеат никого да советуваат

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ го критикуваше назначувањето на Срѓан Керим и Валентина Божиновска во Стратегискиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Да сум некој баја во државата, Керим и Валентина Божиновска не можат и не смеат никого да советуваат. Приватно воопшто не ме интересираат двајцата, за мене совршено неважни и небитни ликови. Ама некој што се повикал на „Ноќта на долгите ножеви“, треба да знае дека тоа е нацистичка платформа, а позади таа платформа се создаде „Операција Колибри“ за убивање на политички неистомисленици во 30-тите години од 20 век“, реагира Јовановиќ.

Според него, „со луѓе кои мобилизираат раја на фашистички традиции мојот вредносен систем ги множи со нула“.

„Керима исто така. Такви луѓе ги множам со нула. И молим лепо“, пишува Јовановиќ.

Дел од советодавното тело на МНР се и Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Ивана Туфегџиќ, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер.

Слични содржини