Јовановиќ: Дадов изјава во полиција, бев нападнат од навивачи

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, утрово изјави дека во средата вечерта, по инцидентот пред ресторан за брза храна во Нов Белград, отишол во полиција да даде изјава.

Тој за ТВ Прва изјави дека фрлил стол во прозорецот од еден локал недалеку од неговата куќа, откако, како што рече, бил нападнат од навивачи.

Јовановиќ додаде дека ова не е прв напад на навивачите врз него и порача дека „нема да им се тргне од патот“.

„Јас фрлив стол во излогот, бидејќи тие го разбираат само тој јазик. А фактот дека проблемот е ова стакло, а не бетонската сала и нивното дивјаштво, тоа не може да помине со мене. Нека не доаѓаат, да не дојдеа, да не ме нападнаа, немаше да биде ништо“, објасни Јовановиќ.

Медиумите ја пренесоа и изјавата на неговата сопруга, која рече дека Јовановиќ бил нападнат од членови на навивачката група „Хиени“ во близина на зградата во која живее, откако излегол од автомобилот.

Како што објавија медиумите синоќа, Јовановиќ околу 22 часот фрлил камен во ресторан за брза храна по расправија со работниците, по што бил однесен со полициско возило.

Неговата сопруга исто така ги следеше со автомобил придружувана од адвокат, објави „Новости“.

Слични содржини