Јовановиќ: Има разумни гласови во Бугарија што се контра владата на Бојко Борисов

од Aleksandar Petrovski

Во гостувањето во Само Вистина на Канал 5, колумнистот Ненад Јовановиќ истакна дека сега се појавуваат некои контра тези и контра ставови на идентитетската политика од договорот за добрососедство која дава некаква можност за соработка, за дијалог и за договор.

-Гледате дека во таа политичка криза на Бугарија која ја заговараа со меморандумот сега се појавуваат некои контра тези и контра ставови дека идентитетската политика која во договорот за добрососедство дава некаква можност за соработка за дијалог за договор, а не она што го начнуваат Бугарите да ни го негираат нашиот национален идентитет, нашиот јазик, култура итн.

Има разумни гласови во Бугарија што се контра владата на Бојко Борисов. Тоа дава можност и надеж дека владата на Зоран Заев добро ги предвидела околностите во кои нас ни е наметнат тој меморандум, бидејќи да не заборавиме дека владата на Борисов се соочува со протести, ги обвинуваат и за корупција, значи имаат внатрешни проблеми, но сепак тоа не е добар гест за една земја која е дел од ЕУ и која својот сосед сака да го внесе во тие европски кругови.

Има сигнали од Германија дека тоа нема да им се дозволи на Бугарите така еклатантно да влегуваат со нивниот империјализам дека тие се дел од ЕУ, а ние сме мали па сега ќе ги прифатиме нивните ултиматуми што се во декларацијата.

Не верувам дека нешто значајно ќе промени овој глас, но сепак дава една нишка дека се возможни едни проевропски гласови од Бугарија, рече Јовановиќ.

Слични содржини