Јовановиќ: Kлиматските промени покажуваат дека ни најбогатите и најразвиените не се поштедени

од Берта Китинска

Страшните поплави од Германија, Белгија, Холандија и Луксембург мора да нè направат свесни за сериозноста на климатските промени и глобалното затоплување. И дека ни најбогатите и најразвиените нема да бидат поштедени. И дека мора веднаш да преземеме нешто во врска со ова, пишува на Фејсбук, Бранимир Јовановиќ поранешен советник во Министерството за финансии.

-На индивидуално ниво, треба да избегнуваме да користиме коли, а наместо тоа да пешачиме и користиме велосипед. Да не трошиме струја непотребно. Да не купуваме работи што не ни требаат. Да рециклираме и реупотребуваме колку што можеме. Да не фрламе храна и други работи непотребно.

На државно ниво, мора веднаш да почне да се инвестира во обновлива енергија, а јагленот и нафтените деривати да почнат да се напуштаат. Да се инвестира во јавен превоз кој не загадува. Да се инвестира во енергетска ефикасност на зградите. Да се зголеми рециклирањето. Да не се сечат дрвја, туку да се садат.

Можеби веќе е предоцна за да се спречат поголеми катастрофи, но ако не почнеме да делуваме веднаш и одлучно, за многу кратко време сигурно ќе биде, пишува Јовановиќ.

Слични содржини