Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Јовановиќ: Кој е тој Зибери, зошто е толку важен за граѓаните на оваа земја за токму тој да биде мандатар?

Јовановиќ: Кој е тој Зибери, зошто е толку важен за граѓаните на оваа земја за токму тој да биде мандатар?

„Голема ароганција има во Таравари. Кој е тој Зибери, зошто е толку важен за граѓаните на оваа земја за токму тој да биде мандатар? И од каде им е таа луда идеја дека некој во парламентарна демократија од 12/15 освоени пратеници може да лицитира со ново име за мандатар?“, прашува аналитичарот Ненад Јовановиќ.

„Срамни се изјавите на Таравари, срамно е и цинично неговото непочитување кон мнозинството гласачи што го дадоа својот глас (од сите етнички, мнозински и малцински заедници) за Европска, граѓанска, ненационалистичка и мирољубива Северна Македонија“, смета тој.

„Мандатарот е еден. Може да го мразите или сакате. Во парламентарна демократија премиер е оној што ќе направи минимум 61 пратеник. Тоа мнозинство, пак, ќе формира влада на чело со Заев. Жал ми е, реалноста е таа. Одговорни политичари се држат до реалноста, останатите приказни и желби се обични влажни соништа на господинот Таравари“, додава тој.

loading...