Јовановиќ кон ВМРО-ДПМНЕ: Ако продолжите со вакво однесување, некои политички кариери после кризава едноставно ќе исчезнат

од Vladimir Zorba

Колумнистот и аналитичар Ненад Јовановиќ во вечерашното издание на „Само вистина” на Канал 5 телевизија изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да го користат коронавирусот како партнер за да ја подриваат власта на Зоран Заев.

– Дајте ги вашите ресурси што ги имате во политичката партија, волонтирајте и помагајте. Во моментов Венко Филипче врши фатастична работа, да се обидеме сите да го извлечеме најдоброто. Ако не разбирате политика, тогаш помогнете. Ако продолжите со вакво однесување на неодговорна политичка партија и не се откажете од некои средства, некои политички кариери после кризава едноставно ќе исчезнат и тука нема лутиш. Едни се убиваат од работа, прават сè да се самозаштитат, а вие само подривате, истакна Јовановиќ.

Тој посочи дека оваа здравствена криза ќе се одрази на економијата и на демократијата бидејќи во вонредна состојба демократијата се суспензира и сите институции се екипираат да спасуваат животи.

Слични содржини