Јовановиќ: Македонија е на средината од источно-европските земји, во поглед на економскиот раст

од Nikola Popovski

Економскиот експерт Бранимир Јовановиќ, кој сега работи во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, изјави дека проекциите на неговиот институт за следните три години за цела Источна Европа, за Македонија се предвидува раст на македонската економија, оваа година од 4,1 процент.

„Тоа претставува помалку од падот што беше во 2020 година, кој што беше 4,5 проценти, што значи дека Македонија нема да го достигне преткризното ниво оваа година, туку тоа ќе го направи во 2022 година. За разлика од нас, други земји како на пример Србија, веќе оваа година ќе го достигне преткризното ниво. Македонија е на средината од источно-европските земји, во поглед на економскиот раст, што значи дека не сме далеку од добри, но не сме ниту многу лоши“, изјави тој за емисијата „Утрински брифинг“.

Слични содржини