Актуелно
Почетна / Бизнис / Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4 отсто, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4 отсто, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.
„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.
Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.
Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.
Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.
Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.
Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.
loading...