Ненад Јовановиќ во гостувањето во Само Вистина на Канал 5 истакна дека паметна и мудра влада не треба да подлегне на притисоци од Бугарија за декларацијата која ја нарече пренасилна.
-Се сложувам дека декларацијата на Бугарија е пренасилна, ние сме меѓународно призната земја, оваа држава има свој кодифициран јазик, идентитетот е македонски и тука нема околу што да се дебатира за тие теми. Многу е лесно ако играме на идентитетски основи да видиме дека Бугарите секогаш не провоцираат но не треба да заборавиме и една друга работа, а таа е дека власта во Бугарија, Бојко Борисов се соочува со протести и најлесно е да се дефокусира јавноста да се игра на идентитестки политики. Паметна и мудра влада нема да подлегне на тие притисоци, ги читаме сигналите од Брисел и Берлин дека оваа декларација е недозволива за Северна Македонија која планира наскоро да влезе во Европската унија. Оваа декларација е производ на антипријателства која е спротивна на идејата за добрососедство соживот и европска цивилизациска вредност, рече Јовановиќ.