Јовановиќ: Растот на БДП за 2021 ќе биде 3,5%

од Nikola Popovski

Македонската влада почна бавно со мерките за помош на економијата. После тоа релативно добар беше пакетот и имаше средства, вели Бранимир Јовановиќ, професор на Виенскиот институт во емисијата „Трилинг“.

Според него, откако поминала акутната фаза на пандемијата, владата слабо трошела.

-Од 2020 година дефицитот беше 7,8 % од БДП, што беше во просекот за Европа и регионот. Оваа година најавите се дека дефицитот ќе биде 4 до 5 %, што значи дека Владата не дава доволна поддршка за економијата. Капиталните инвестиции се реализираа помалку од 50% и затоа економскиот раст ќе биде слаб. Нашите прогнози се дека растот на БДП за 2021 година ќе биде 3,5%. Ако владата ги потрошеше оние 100% капитални инвестиции што ги најави, растот ќе беше 5,5 проценти, потенцира Јовановиќ.

Слични содржини