Јовановиќ: „Следи процес на дистанцирање од СДСМ“ е празна и бескорисна изјава

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ реагира на последните шпекулации во јавноста за формирање на нова политичка партија од страна на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Според него, „секој оној што може да мисли политички, притоа се претставува себе за “граѓански”, “академски”, “универзитетски”, “магистерски” и не знам уште како, оние де, кои пред името и презимето имаат д-р. или м-р., треба да знаат дека во партии се влегува за да ги засилат, за да ги зајакнат со својот ангажман“.

„На избори не можат да победат слаби партии и невладини организации. Не сакаат? Се дистанцираат? Никој не им е доволно добар за нивните “високи критериуми”?“, прашува Јовановиќ и додава:

„Па со тоа што го трошат времето на празни и бескорисни изјави на медиуми од типот “Следи процес на дистанцирање од СДСМ”, со тоа само докажуваат колку се самите празни и бескорисни“, потенцира аналитичарот.

„Се раздвижува политичката сцена. Како што ми се гледа мене, во тек е процес на дистанцирање…“, вака коментираше преку социјалните мрежи, поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски.

Јовановски му беше главен противкандидат на Зоран Заев во внатрепартиската трка за лидер во 2013 година.

Од Кабинетот на Црвенковски денес соопштиле дека поранешниот премиер и претседател на СДСМ останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања.

Премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција изјави дека не верува дека поранешниот лидер на СДСМ би можел да формира нова политичка партија.

Слични содржини