Јовановиќ: Според ВМРО-ДПМНЕ, луѓето што не гласале за нив, не се Македонци

од Nikola Popovski

„Ако Мицкоски имал така важна платформа и политичка програма, мислам дека господинот Сафет Бишевац не е баш така наивен кога го вели тоа. Се разбира дека Мицкоски нема никаква интегративна политика“, изјави политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисијата „Само вистина“.

„ВМРО-ДПМНЕ има едно мнозинство на гласачи што е автохтоно македонско, а ние другите, според нив, не сме Македонци. Ја гледате ли таа полализираност во етничка смисла. Морам да нагласам дека оваа влада со Заев го направи капиталниот чекор, а тоа е решавање на проблемот со Грција. Доволен е мал зрак на воздух и помирување за да почне државата да се движи напред“, вели Јовановиќ и дополнува дека оваа земја е врв на сите спинови и контра-спинови и пумпања во последните неколку години.

Слични содржини