Јовановиќ: Средната класа беше згазена, со уништено достоинство, а Заев денес ја зајакнува и афирмира

од Nikola Popovski

„Би требало нашата “критичка јавност” позитивно да реагира на покачувањето на платите на работниците, наставниците, професорите и докторите. Тоа се вика “зајакнување на средната класа”. Онаа класа која го движи општеството, онаа класа која беше комплетно уништена во времето на Груевски. Средната класа беше згазена, со уништено достоинство, а Заев денес ја зајакнува, ја помага, ја афирмира; тоа е класа која е најважен двигател во едно општество“, смета политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ.

Според него, Заев е многу почувствителен на класните разликите од сите “критички клукајдрвци” во медиумите.

„Ги разбира разликите, неправдите го болат, па ги јакне слабите, ги јакне учителите, професорите и докторите. За средната класа Груевски & Мицкоски не дава(а) пет пари. Тие работат исклучиво со олигархија и крупен капитал, сите останати класи за нив во општеството се неважни, сите останати класи за нив се обично тесто за месење & гласање. Велам уште еднаш: зошто нашата “критичка јавност” не реагира позитивно на политиката на Заев за јакнењето на средната класа?“, објави Јовановиќ на Фејсбук.

Слични содржини