Јовановиќ: Уставобранителите се најобични пучисти

од Nikola Popovski

„Денес на протестот не сакам ниту да ги гледам, а не сакам ниту да ги слушам кајшто зборуваат за таканаречените “уставобранители”. Тие се најобични пучисти. И со право се тамо кајшто се. Ако нив ги интересираше уставобранителство, немаше да се бранат неколкумината на чело со Груевски, а другите да ги пуштат низ вода, напиша политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ за денешниот протест пред Влада, за поддршка за луѓето кои се осудени за тероризам за настаните од 27-ми април.

Според него, за за нив политиката не била прашање на нееднаквост и страдање, туку секогаш се работеше за нив и нивниот задник.

„Утре не сакам да ги гледам и слушам затоа што никогаш не беше за нив политиката прашање на демократија, туку беше прашање на степенот на насилство, а демократијата за нив беше обичен слоган, фасада во која нема да имаат граѓани со свои права и свои обврски, туку ќе имаат обични робови. Утре не сакам да ги гледам и слушам затоа што никогаш не се работеше за македонскиот народот, туку се работеше за нивната лична моќ. Утре не сакам да ги гледам и слушам оние кои ја создадоа најголемата брука и несреќа во историјата на оваа земја. Повторувам, во историјата на оваа земја. Па уште и Груевски има образ да повикува на протест, човекот што најпрво ја испљачка и растури земјава, а потоа избега како последен лопов во багажник за Будимпешта. Утре не сакам да ги слушам и гледам заради нивната бесчуствителност, заради нивното безобразие кое оди дотамо што мислат дека сме заборавиле. Ништо не им е заборавено. Болката и страдањата од нивно време никогаш нема да се заборават“, објави аналитичарот на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ за денес најави протест во 11 часот пред Влада на Република Македонија.

На протестот граѓаните ги повика претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест! Недела, 11:00 часот пред Влада“, напиша Мицкоски.

„Зад протестот за одбрана на лица осудени за тероризам, кои на крвавиот четврток, на 27 април 2017 инспирирани од ВМРО-ДПМНЕ, жедни за крв, со оружје упаднаа во Собранието, стои нивниот почесен претседател, осудениот бегалец од правдата Никола Груевски.

Христијан Мицкоски е само извршител на волјата на неговиот ментор од Будимпешта. Единствена задача на Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните ниту до државата.

Мицкоски, кој шест пати беше поразен на избори во последните четири години не сфаќа дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, кои ја блокираат помошта за граѓаните и фирмите, кои го поткопуваат здравствениот систем во време на пандемија, кои прават опструкции на евро-атлантската интеграција на државата, кои не гласаат стратегија за борба против корупција, кои ги делат луѓето по сите основи и внесуваат страв и омраза. Затоа Мицкоски уште долго ќе биде во опозиција“, соопшти СДСМ.

Слични содржини