Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се синоним на дезинтеграција и омраза која се продуцира во медиумите

од Nikola Popovski

Политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ во емисијата „Само вистина“ изјави дека е точно дека превирања во албанскиот блок и точно е дека Зоран Заев има голема одговорност, бидејќи во албанскиот блок, монополот повеќе го нема ДУИ.

„Се појавуваат и играчи како Алијанса за Албанците и Алтернатива, па и Беса, иако е во коалиција со СДСМ. Бидејќи карактерот на нашата држава е мултиетнички ќе биде многу весело и разиграно како ќе се одвиваат тие коалициски преговори. Сепак, граѓаните го избраа Заев за мандатар и ги избраа неговите политики во последните неколку години“, вели Јовановиќ.

Тој смета дека точно е дека треба да има хомогеност, но со СДСМ ќе коалицираат оние кои ќе се залагаат за неколку вредносни столба.

„Сепак мора да има визија на обединување. Да не заборавиме дека и кога ќе направиме Влада има криза, работни места кои мора да се зачуваат. Ние сме пред големи предизвици. Може и политичките партии играат со своите изборни резултати и тие се држат до нив. Јас ако добро исчитувам од официјални извори, факт е дека е невозможно да се оди во коалиција со ВМРО и Левица, бидејќи се антипод на се она за кое се залага СДСМ. Тие се синоним на дезинтеграција и омраза која се продуцира во медиумите“, рече Јовановиќ.

Слични содржини