Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ игра на политички поени на најниски страсти, во време на ваква криза

од Nikola Popovski

„Мора да престане играњето политички поени на најниски страсти. Ние мора да покажеме малку поголема емпатија и сочувство за тие што страдааат од пандемијата, а не како партијата ВМРО-ДПМНЕ да ја користиме кризата за свој сојузник“, вели политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисијата „Клик плус“.

Според него, опозицијата со последните свои дејствија сака да го делигитимира МВР и министерот Спасовски со случајот „Двојник“.

„Во ваква една криза, ти играш на политички поени на најниски страсти. Тоа мора да престане“, смета Јовановиќ, кој додава:

„Во јавност кога повикувате на чест и морал, тука најмалку има. Да потсетам дека Александар Николоски, со тие снимки излезе дека Миле Јанакиески и неговиот шеф посакуваат да се случи сообраќајна несреќа. Некој човек кога бил вклучен во такви состојби од претходниот режим, да повикуваш на ‘монтировка’, на сообраќајни несреќи, а сега да се повикуваш на морал…“, рече Јовановиќ.

 

Слични содржини